Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачевски: Билатералниот протокол нема нови барања, туку дава насоки

Ковачевски: Билатералниот протокол нема нови барања, туку дава насоки

Претседателот на Владата, Димитар Ковачевски, на денешната заедничка прес-конференција со финската премиерка Сана Марин рече дека нацрт билатералниот протокол кој денеска пристигна во бугарското народно собрание е документ кој дава насоки и редослед како да се спроведе Договорот за добрососедство и дека во истиот нема нови барања, односно услови за Македонија.

- Билатерален протокол, тој е всушност статус и понатамошни чекори во однос на спроведувањето на Договорот за добрососедство. Не претатавува посебен договор или нешто ново. Тоа се следните чекори во однос на спроведувањето на договорот и обврските на Бугарија и Македонија. Тој протокол се потпишува на ниво на министерства за надворешни работи. Тој кажува до која фаза сме стигнати и што е наредно. Тоа не е документ - нов договор во кој се додава нешто, рече Ковачевски.

Нацрт билатералниот протокол со Скопје веќе е испратен до парламентарната комисија за надворешна политика, потврдија денеска  од прес-центарот на бугарското Народното собрание. До Министерството за надворешни работи е доставен и извештај за напредокот на преговорите со Република Македонија и постигнатата фаза во нив. На самиот крај на работниот ден на 17 јуни (петок) Комисијата за надворешна политика го побара од МНР и нацрт билатералниот протокол. Веднаш беше испратено со мотивационо писмо во кое се објаснува неговата содржина. Денеска, 20 јуни, веќе е примен во комисијата за надворешната политика.

За преговарачката рамка Ковачевски додаде дека треба да е мултилатерален документ за пристапување кон ЕУ како организација на држави членки а билатералните прашања да се решаваат на билатерално ниво.




Слично

Поврзани вести