Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОВАЧЕВ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ: Не сакаат да слушнат за внесувањето на Бугарите во Уставот, а половина од нивните семејства имаат бугарско државјанство

КОВАЧЕВ ЗА МАКЕДОНСКИТЕ ПОЛИТИЧАРИ: Не сакаат да слушнат за внесувањето на Бугарите во Уставот, а половина од нивните семејства имаат бугарско државјанство

Бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев вели дека не им е лесно на колегите во Северна Македонија.

Не сакаат да слушнат за внесувањето на Бугарите во Уставот, а половина од нивните семејства веќе имаат бугарско државјанство.

„Најбитно, ова државјанство е добиено врз основа на докажано бугарско потекло и декларација за бугарска самосвест – во која сите запишале дека и мајка му, и татко, и брат и сестра му, сите биле Бугари. А братот или сестрата денес е заменик, министер… На прв поглед – малку шизофренична работа“, пишува Ковачев. 


Вели дека 216.000 македонски граѓани веќе имаат бугарски пасоши и тие се во ЕУ. Сепак наведе и примери дека македонските граѓани ги навредуваат Бугарите, а имаат бугарски пасош в џеб. 

фото Фејсбук/Андреј Ковачев

Слично

Поврзани вести