Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачев тврди дека политичари, новинари, дипломати од Македонија имаат бугарски пасоши

Ковачев тврди дека политичари, новинари, дипломати од Македонија имаат бугарски пасоши

Да се објави списокот со македонските граѓани кои имаат бугарски пасоши. Ова го бара бугарскиот европратеник Андреј Ковачев и тврди дека меѓу нив има политичари, луѓе од власта и од опозицијата, но и дипломати, новинари, професори.

Тој објаснува дека дел од нив се гласни против Бугарија и поради тоа бара од институциите да ги обелоденат имињата на оние кои имаат бугарско државјанство, а според него работат на штета на Бугарија

„Всушност, сите овие луѓе се изјасниле дека чувствуваат етнички Бугари и дека нивните родители и пра-баби и дедовци се исто така етнички Бугари. Меѓу нашите сонародници се многу поранешни и сегашни политичари, поранешни премиери, поранешни и актуелни министри, градоначалници, пратеници од претходните и сегашни парламенти (од кои некои гласаа против Договорот за пријателство со Бугарија), членови на раководството на двете најголеми партии, дипломати, бизнисмени, водечки новинари, универзитетски професори“, смета Ковачев.

Ковачев и претходно барал откривање на имињата на македонски граѓани со бугарски пасоши.

Лани беше разбиена мрежа која издавала бугарски пасоши, за што луѓето од Македонија и други земји плаќале. 

Слично

Поврзани вести