Ковачев: Рама неколку пати ми рече „Ние не сме во брак со Скопје“
Албанија може да започне преговори за членство во ЕУ и без Северна Македонија, вели бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.
Рече дека двете држави може да бидат одвоени на патот кон ЕУ.
„Тоа е сосема јасно. Самиот Еди Рама неколку пати ми рече „Ние не сме во брак со Скопје“. Ако не можат да ги исполнат европските услови за почеток на преговори, зошто Албанија мора да биде жртва и да чека нешто, за што не е нивна вина, ниту е до нив?“, рекол бугарскиот европратеник во интервју за бугарски „Актуелно“.
Според него, Албанија не помина низ таков процес како во поранешна Југославија и со неа имаат исклучително добри односи на сите нивоа.
„Албанија нема пречки да ги започне преговорите за членство по завршувањето на скринингот на Европската комисија“, вели Ковачев.
Инаку, Бугарија лобира меѓу македонското малцинство во Бугарија и нуди бугарски пасоши и други привилегии со цел да се изјаснат како Бугари. Македонија треба да ги внесе Бугарите во Уставот, но и да работи на реформи за влез во ЕУ. Бугарија претходно ставаше вето за Македонија.
