Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачев не верува дека следните денови ќе има решение

Ковачев не верува дека следните денови ќе има решение

Овој месец на 17 станува извесно дека Македонија најверојатно нема да ги почне преговорите со Македонија. 

Јас не би го нарекол ова вето, туку одложување, вели бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, пренесува БГНЕС.

„Одложување на процесот, но сето тоа зависи од Скопје. Ако одлучат да го променат своето мислење, да престанат да ја фалсификуваат историјата и да користат говор на омраза, тогаш ќе има друго решение. Меѓутоа, малку е веројатно дека тоа ќе се случи во следните денови“, вели Ковачев.

Европратеникот не сака да каже краен рок кога би можело да се најде решение, но не исклучува земјава да ги почне преговорите во едно од следните две претседателства на ЕУ односно во текот на 2021 година.

Вели дека не е европска вредност да се бара да прифатиме лаги и манипулации.

Остануваат уште три дена за договор. 

Македонскиот министер за надворешни работи, Бујар Османи рече дека се усогласиле за 7-8 точки, но се надева дека ќе се постигне решение. 

Слично

Поврзани вести