КОВАЧЕВ КОН ЗАЕВ: Во ЕУ нема место за лагите и антибугарската идеологија
Зошто на Заев му треба оваа антибугарска провокација токму сега, прашува бугарскиот европратеник Андреј Ковачев, кој доаѓа од владејачката ГЕРБ на премиерот Бојко Борисов.
Тој на Фејсбук излезе со коментар за прославата и честитката на премиерот Зоран Заев по повод 11 Октомври.
„Србин убива Бугарин, татко на три деца и родина на Даме Груев. Ова се нарекува ‘народно востание’ и се прославува секоја година! Во ЕУ нема место за лагите и антибугарската идеологија“, напиша Ковачев на Фејсбук.
Тој содели линк од македонски медиум во кој е објавена честитката на премерот Заев за денешниот празник.
Слично
