Ковачев: Кога ќе бидат подготвени да ги надминат фалсификатите од Титова Југославија, преговорите ќе започнат
Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев на Фејсбук пишува дека доколку Македонија не ги признае реалностите, датумот за нејзината средба со ЕУ ќе биде одложен и нема да има драма во тоа.
„Кога ќе бидат доволно подготвени
и храбри да ги надминат фалсификатите предводени од Титова Југославија,
преговорите ќе започнат“, пишува тој.
Софија да признае македонски јазик и идентитет, a Скопје - бугарски темели на јазикот и идентитетот, пишува бриселски Политико повикувајќи се на дипломатски извор.
Весникот кусо објави дека на вчерашниот состанок на амбасадорите на ЕУ во Брисел наводно е постигнат некаков, како што се нарекува „бугарски компромис“, којшто ќе овозможи да почне првата Меѓувладина конференција меѓу ЕУ и Македонија.
Весникот наведува и дека Бугарија се согласила на тој „компромис“.
Премиерот Зоран Заев изјави дека не се прифатливи некои од сигналите кои доаѓаат од соседна Бугарија.