Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачев: Инсистирав Заев и Владата да се откажат од клеветничката кампања, но не ме послушаа

Ковачев: Инсистирав Заев и Владата да се откажат од клеветничката кампања, но не ме послушаа

Бугарскиот европратеник Андреј Ковачев во својата анализа што е објавена денеска вели дека „пост-југословенската елита“ продолжува да истура многу пари во клеветење на Бугарија, алудиурајќи на соработката со Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии од Љубљана (ИФИМЕС). Тој вели дека побарал од премиерот Зоран Заев и неговата влада „да се откажат од оваа кампања“, но дека не бил послушан.

„Целта на овие анализи е поткопување и дискредитација на престижот на Бугарија, преку лажни, искривени и изманипулирани информации. Тројца од директорите на институтот се поранешни советници на Заев, а до неодамна со владата во Скопје беа  на договорни услови, плаќајќи го институтот. Затоа инсистирав премиерот Заев и владата на РСМ веднаш да се дистанцираат од оваа клеветничка кампања. За жал, тие не ме послушаа.

Она што се случува меѓу Бугарија и РС Македонија не е обичен културно-историски спор, туку прашање на почитување на основните човекови права, недискриминација и негирање на говорот на омраза. Бугарија со право сака јасни гаранции дека овие негативни склоности и инерција од комунистичкото минато ќе бидат надминати. Младите европски генерации во Република Северна Македонија не смеат да добиваат образование засновано врз фалсификување на историјата. Имплементацијата на Договорот за заедничка историја на двете сегашни нации и деблокада на работата на заедничката академска комисија, која треба да се заснова само на историски извори од соодветната ера, се основа за напредокот на РСМ  кон ЕУ,“нагласува Ковачев.

Нашата грешка, ако може да се смета за грешка, е тоа што длабоко и наивно верувавме дека заедно ќе можеме да го решиме овој историски проблем. Во последните 30 години, никогаш не сме дозволиле да го донесеме проблемот на меѓународно ниво и активно да ја воведуваме и лобираме политичката и академската заедница во светот за нашата праведна кауза. Мислевме дека братски и историски најблиску ќе можеме сами да се справиме со тешкото наследство што ни го остави комунизмот. За жал, пост-југословенската елита во Скопје очигледно немаше такви намери и продолжува да вложува ресурси и многу пари во клевета против Бугарија.

Ова не е само национална кауза, туку и прашање на правда и демократија. Очекувам дека без оглед на тоа кој е на власт во Бугарија, оваа политика од Рамковната позиција и декларацијата на бугарскиот парламент ќе се следат, пошува Ковачев.

Слично

Поврзани вести