Економија, финансии, бизнис

Контакт

Ковачев го искара Пендаровски за коментарот за браќата Миладинови и тврди дека тие биле Бугари

Ковачев го искара Пендаровски за коментарот за браќата Миладинови и тврди дека тие биле Бугари

Бугарскиот европратеник Aндреј Ковачев на македонскиот претседател Стево Пендаровски му порача дека по прифаќањето на францускиот предлог за браќата Миладинови ќе мора да се каже дека се Бугари. 

Тој ја коментира посетата на македонскиот претседател Стево Пендаровски на спомен куќата на македонските преродбеници Димитар и Константин Миладинови во нивната родна Струга. Пендаровски напишал дека нивната просветителската дејност е вградена во нашата колективна меморија и е од суштинско значење за македонската култура и традиција. Но, на ова реагира Ковачев. Вели дека за последен Пендаровски смее да пишува на овој начин. 

„Ова треба да биде последниот пост на Стево Пендаровски или на кој било друг официјален претставник на Северна Македонија да пишуваат на ваков начин. 

Секако, за браќата Миладиновци наскоро ќе расправа мешовитата историска комисија. Покрај тоа што имаат големо значење за современата македонска култура, Пендаровски нема да може да го спаси тоа што имаат исто значење и за бугарската култура, а пред сѐ нема да може да премолчи дека тие самите ја нарекуваат својата збирка „Бугарски народни песни“, јазикот на кој е напишана е бугарски, а самите се Бугари. На овој начин, верувам, ќе престанат со манипулативните и двосмислени изјави, како оние на самиот Пендаровски за Миладиновци или за Гоце Делчев. Не сум сигурен дали ова ќе им помогне на вистинските бугарофили од Левицата и ДПМНЕ, оние од протестите кои деновиве се пенават  на споменувањето на ‘Бугари’“, напиша Ковачев.


Пратеникот Јован Јаулески од ВМРО-ДПМНЕ го искоментира европратеникот Андреј Ковачев.

„Кога ќе најдеш село без кучиња и еден статист во вилата на Водно, се случува токму ова. Кога имаш власт без кичма, анационална и предавничка ќе читаме вакви глупости! Еве го повикувам Ковачев нека дојде мене да ми каже ова да ми биде последна објава!“, вели тој. 

Во 19 часот продолжуваат протестите против францускиот предлог. 

фото Фејсбук

Слично

Поврзани вести