Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОЈ ДРУГ ЌЕ ОДГОВАРА ПО ИНЦИДЕНТОТ: Котевски официјално се повлече од директорската функција

КОЈ ДРУГ ЌЕ ОДГОВАРА ПО ИНЦИДЕНТОТ: Котевски официјално се повлече од директорската функција

И официјално директорот на затворот Ѓоко Котевски ја поднесол оставката до Владата. Ова станува јасно од денешното соопштение со кое се известува јавноста по  настаните кои резултираа со физички пресметки во затворот на 21-ви овој месец.

-Покрај преземената одговорност од професионален и морален аспект, директорот подготви извештај за случувањата во затворот на 21 февруари во кој се констатирани пропусти и прекршувања на протоколите за работа од страна на службата за обезбебедување, стои во соопштението.

Како резултат на пропустите, како што е посочено, бил овозможен првиот вербален и физички инцидент, а подоцна не бил спречен вториот вербален и физички инцидент, иако постоеле можности за превенција.

Покрај оставката на директорот, согласно констататираните наоди во извештајот, покренати се дисциплински постапки за инволвирани лица кои ги прекршиле протоколите за работа.

Извештајот е доставен до Управата за извршување на санкции, до Министерството за правда и до Владата на Република Северна Македонија за натамошно постапување. 

Слично

Поврзани вести