КОСТОВСКИ УРНА ДИВ ОБЈЕКТ: Должен сум безкомпромисно да се борам за еднакви услови за сите граѓани
Градоначалникот на општина Бутел, Драко Косотовски, денеска се пофали на Фејсбук дека влегол во конфликт со узорперите на земјиште.
Тој потенцира дека никој не е над законот, и објави фотографии од рушење на ограда поставена без почитување на законот, при што било узурпирано земјиште во Бутел, кое според него требало да се намени за продажба на автомобили.
- Денес имаме акција која ќе заврши со кривична пријава и ослободување на узурпирано државно земјиште на територија на општина Бутел !
Утрово заедно со инспекциските служби на општина Бутел во координација со МВР постапивме согласно закон при узурпација на државно земјиште.
Отстранета е ограда поставена на државно земјиште, веројатно некој се обидел да создаде плац за продавање на автомобили.
Сакам да упатам апел до сите граѓани на општината, законот е создаден да го почитуваме сите. Поради вашата доверба кон мене, јас сум должен безкомпромисно да се борам за еднакви услови за сите граѓани, поточно да се борам законот да биде спроведен во детали - напиша Костовски.
Еве го неговиот пост:
Фото: Принтскрин/Фејсбук
Слично
