Економија, финансии, бизнис

Контакт

Костовски: Се надевам дека час поскоро оваа Влада ќе замине во историја

Костовски: Се надевам дека час поскоро оваа Влада ќе замине во историја

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Дарко Костовски денеска oд протестот пред Министерството за здравство кажа дека власта носи неизвесност и претерување. 

Вели дека посебно со вакцинацијата во Србија, ние бевме подбив за регионот и светот. Рече дека властите можеле да преземат мерки да не дојдеме до тоа вчера да имаме 50 починати.  Вели дека народот страда заради овие несмасни политичари. 

„Се надевам дека час поскоро оваа Влада ќе замине во историја, затоа што тоа е наша должност, затоа што тоа е она што мораме да го сториме“, рече пратеникот. 

Ги искритикува премиерот Зоран Заев и министерот за здравство, Венко Филипче затоа што вчера со хеликоптер летаа до Прилеп. Им порача дека во иднина ќе одговараат за тоа што го сториле. Присутните на протестот бараат Венко Филипче да си замине од функцијата министер за здравство. Му порачаа на Филипче дека станал полтрон на провизии. 

Слично

Поврзани вести