КОСТОВСКИ: Последниот пожар кај Смилковско е подметнат, има очевидци кои веќе дадоа изјави
Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски пишува на Фејсбук дека пожарот кај Смилковското езеро е подметнат.
„Последниот пожар кај Смилковско е подметнат, има очевидци кои веќе дадоа изјави на МВР. Многу е веројатно најголемиот дел од пожарите да се подметнати. Министерот Панче Тошковски е целосно посветен на расветлување на голем број сомненија за подметнати пожари. Кога на ваков начин најдовте да печалите политички поени, ќе добиете баш соодветен одговор. Секако и ќе бидете жестоко поразени. Жестоко“, пишува тој.

фото Фејсбук
Слично
