Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОСТОВСКИ ОБВИНУВА ЗА ПОЛИТИЧКО НАСИЛСТВО: Советник од ЗНАМ нападнал активисти на СДСМ

КОСТОВСКИ ОБВИНУВА ЗА ПОЛИТИЧКО НАСИЛСТВО: Советник од ЗНАМ нападнал активисти на СДСМ

Кандидатот за градоначалник на Куманово од СДСМ, обвинува дека советник од партијата ЗНАМ, нападнал активисти на СДСМ.
„Во пресрет на завршувањето на изборната кампања, членови на штабот на Мартин Костовски, кандидат за градоначалник од коалицијата СДСМ, беа нападнати од страна на Самек Салиевски, актуелен кандидат за советник од ЗНАМ и член на тимот на Максим Димитриевски. Настанот е пријавен во полициската станица при СВР Куманово“, објавија СДСМ.
Костовски истакна дека Максим е исплашен.
„Ја знаеме хистеријата на Максим, знаеме дека е исплашен, меѓутоа денеска дојдовме во полициската станица за да го пријавиме настанот. Ги повикувам органите на прогонот веднаш да постапат“, изјави кандидатот за градоначалник на Куманово, Мартин Костовски.

Дополнително, Костовски бара реакција и од другите надлежни институции:

„Го повикувам и Државната изборна комисија, како и Јавното обвинителство, да се стави крај на ваквото политичко насилство врз истомисленици и политички противници. Ова веќе не смее да се случува во едно цивилизирано и демократско општество.“

И покрај притисоците и насилството, коалицијата продолжува со кампањата.

„Мојата порака од тука е дека ние вечерва ќе одржиме митинг во Средорек и ќе ја дадеме нашата поддршка“, порача Костовски.


Слично

Поврзани вести