Костовски: Нашите браќа и сестри кои го бранеа идентитетот ги нарекуваат терористи
Ќе останеме тука до крај, сè додека не се ослободат нашите браќа и сестри, порача Дарко Костовски од ВМРО-ДПМНЕ на протестот пред Кривичниот суд во Скопје.
„Нашите браќа и сестри, кои тргнаа да ги бранат идентитетот и интегритетот на Република Македонија, сега ги нарекуваат терористи. Како во времето комунистичко, власта малтретира се околу себе“- додаде тој.
Пред судот се пееја патриотски песни и химната на Република Македонија. Се појавија повеќе политичари од врвот на ВМРО-ДПМНЕ, како и лидерот Никола Груевски.
Вкупно 36 лица се товарат за „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“.
Слично
