Трифун Костовски му пиша на јавниот обвинител Јовески: Одмрзнете ми го имотот
Трифун Костовски му пиша денеска на Јавниот Обвинител Љубомир Јовески од кого бара да го заврши процесот со поднесеното обвинение против него за стечајот на пропаднатата Еуростандард банка. Костовски му пишува на ЈОвески да се даде приоритет на овој предмет за да му се одмрзне, како што вели, имотот кој го печалел 40 години. Вели дека не успеал да с евиди со Јовески за да зборуваат.
„Вашето Обвинителство покрена постапка против мене Трифун Костовски со која ми го замрзнавте имотот, поведувајќи истражна постапка против мене и мојот син Коста Костовски за стечајот на Еуростандард банка. Бидете убедени обвинението врз кое ја темелите истражната постапка е нереално и нема никакви допирни точки со вистинското работење на Еуростандард банка и ние како нејзини акционери. Ве молам дајте предност на истрагата и да се заврши овој небулозен процес. Ми замрзнувате имот кој ми е печален пред 30-40 години. Водите истрага без никакви елементарни докази. Јас ве повикувам, бидејќи не успеав да дојдам кај Вас на разговор на оваа тема со цел на цивилизиран начин да искомуницираме на овој за мене невиден атак од мојата татковина Македонија. Ве молам ослободете ми го имотот за да можам да ја водам мојата војна за вистината, вели Костовски.
