Костовски: Фатени на дело двајца крадци на ограда од нова детска градинка
Градоначалникот на Бутел, Дарко Костовски, со приложена фотографија објави дека заедно со локалната полиција фатени се на дело две лица кои сакале да украдат ограда од нова детска градинка во општината.
„Каков е тој порив кој те тера да оштетиш нова детска градинка !? До каде може да оди човечкиот памет !?
Две лица се фатени на дело како сакаат со бонсек да исечат нова ограда пред влезот на новата градинка во Бутел 1.
Можно е да станува збор за истите лица кои нанесоа голема штета на истата градинка пред извесен период. Полицијата работи на расветлување на случајот“, објави Костовски.
Градоиначалникот јавно му се заблагодари на новиот командир на полициската станица Бутел за брзата и ефикасна реакција.
Слично
