Kостов: Во болницата „8-ми Септември“ има неколку слободни места
Директорот на болницата „8-ми Септември“, Христијан Костов вели дека моментално имаат неколку слободни места.
Објаснува дека дел од заразените со коронавирусот кои се со средна клиничка слика се префрлени на Инфективната клиника, со што има неколку места за потешките случаи кои би имале потреба од кислородна поддршка.
„Оние кои се лекувале кај нас 3,4 или 5 дена, и се со средна клиничка слика ги трансфериравме на Инфективната клиника, со што имаме неколку места за ургентни случаи. Пациентите си се лекуваат во своите матични одделенија, но откако ќе им се влоши состојбата со возила на Брза помош ги носат кај нас“, вели Костов.
Вели дека примаат потешки случаи од сите градови, а периодов поголем наплив имаше од Струмица.
