Економија, финансии, бизнис

Контакт

Костадиновски: Извршната и законодавната власт вршат мобинг над судската власт

Костадиновски: Извршната и законодавната власт вршат мобинг над судската власт

Претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски се пожали денеска дека од власта трпат притисоци. Тој најави и значително поинакви одлуки на уставните судии во текот на претстојната година за да се воведе дисциплина. 

„Ако забележувате, во изминатиов период државните органи беа нервозни. Имаше интерпелација за мене, имаше изјави од типот „кој е тој Уставен суд да ни дава рокови и задачи?“. За исполнување на нашата одлука за Законот за електронски комуникации, доцнеа два месеци, сега доцнат десет месеци со измените во Кривичниот законик… Може слободно да пренесете: медениот месец за кој било државен орган завршува. Ние имаме механизми и видови одлуки со кои сме цврсто решени да воведеме уставна дисциплина. Во наредната година може да очекувате многу поинакви одлуки од Уставниот суд“, најави Костадиновски.

Тој особено кажа дека не смее да се дозволи надмоќ или доминација на една власт над другата.

„Извршната и законодавната власт вршат мобинг над судската власт. Тоа е мобинг. Замислете состојба, велат дека имаме 2 отсто доверба во судството, но за да се дојде до толкав процент на доверба, каде беа тие две власти? На одмор ли? Не знам дали може да се апстрахираат тие две власти и да речат дека немаат ништо со тоа“, кажа Костадиновски.

Тој вели дека ова е систем и во него трите власти ја делат власта. 

Слично

Поврзани вести