Економија, финансии, бизнис

Контакт

Костадиновска-Стојчевска: Морав да купам нови куфери, авиокомпанијата ми го загуби багажот

Костадиновска-Стојчевска: Морав да купам нови куфери, авиокомпанијата ми го загуби багажот

Поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска на денешната прес-конференција рече дека брендираните куфери во Лондон ги купила со пари од службената картичка, затоа што, како што рече таа,м го загубила багажот.
Вчера Миле Лефков од ВМРО-ДПМНЕ речедека таа додека била министерка купила два куфери Samsonite, од кои еден голем Upscape spiner 68/25 Black во износ од 219 фунти од службената картичка и еден помал од истата линија во износ од 59 фунти платен во кеш од службените парични средства.

- ВМРО ДПМНЕ се обидува да ме извалка со лаги. Еве ја вистината: Дел од трошоците кои ги презентираа се однесуваат на нужност да обезбедам основни услови за мое нормално функционирање на службено патување после лет на кој авио компанијата ми го изгуби багажот. И да, купив нови куфери од сопствена сметка и основни средства за службеното патување за да можам да патувам и да учествувам на состаноците во момент кога останав без багаж при патувањето во Лондон. Остантиот дел е тешка манипулација и целосна невистина, тврди поранешната пратеничка.

ВМРО-ДПМНЕ вчера ја обвини дека во Лондон купувала чорапи, хулахопки, плишани мечиња, фудбалска топка,и сето тоа за 714 фунти или пресметано во денарски парични средства 51.169 илјади денари, за 4 дена во Лондон. На ова Костадиновска-Стојчевска  реагира дека не е вистина и дека тоа е платено од личната сметка.
- Ама бидејќи се мајстори за изнесување лаги, го повикувам пратеникот Лефков, нека дојде со копија од мојата службена картица, ќе чешламе трошок по трошок на кој сака медиум. Нека одбере тој време и медиум. Јас стојам на располагање! Ако има криминал во моето работење нека повелат да ми го симнат имунитетот, имаат можност за тоа, и ќе се појавам пред кој сакаат судија! Ако се утврди неправилност, грешката ќе ја признаам и парите веднаш ќе бидат рефундирани. Ако не, ВМРО Фалсификаторска ќе добие тужба и уште еднаш ќе биде потврдена како дезинформатор и маниулатор на македонскиот народ.

Да сумирам. Сите трошења за мои лични потреби биле реализирани исклучиво од моја лична приватна сметка.

А, сите трошења кои биле нужни за службеното патување, биле реализирани од службена картичка, исклучиво согласно актуелните правилници и норми, додаде таа.


Слично

Поврзани вести