Економија, финансии, бизнис

Контакт

Костадинов: Заев стои зад секој кажан збор

Костадинов: Заев стои зад секој кажан збор

Костадин Костадинов, гласноговорникот на СДСМ и нов градоначалник на Струмица, во емисијата „Утрински брифинг“ рече дека Зоран Заев ќе го оддржи зборот и ќе поднесе оставка на позицијата премиер.

- Тоа е нешто што во овие 31 година го немаме видено, тоа е негова лична одлука. Тој стои зад секој кажан збор. Секоја криза е и нова можност и го поддржувам во секоја постапка, рече Костадинов.

Поранешниот пратеник додаде дека ќе продолжи симбиозата помеѓу централната и локалната власт и дека опозицијата нема да добие парламентарно мнозинство.

- Не очекувам да бидеме страдалници, ние сме солидна општина. 11 години бевме град под режим и отпорот тргна од тука, додаде тој.

Слично

Поврзани вести