Економија, финансии, бизнис

Контакт

Костадинов вели дека македонскиот јазик е бугарски дијалект, и дека Македонија е агресивна

Костадинов вели дека македонскиот јазик е бугарски дијалект, и дека Македонија е агресивна

Македонија е агресивна, не е како Бугарија, изјави претседателот на антиевропската и популистичка партија „Преродба“, Костадин Костадинов. 

Неговата партија влезе во 47. Народно собрание на Бугарија.  Костадинов за БНР зборуваше на темата за патот на Македонија кон Европската унија. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Костадинов е дециден дека Бугарија нема начин да се откаже од историските спорови и дека не треба да се прават отстапки.

„Во моментот кога ќе почнат преговорите, можеме да очекуваме дека глупостите во учебниците во Северна Македонија ќе почнат да се гледаат во официјалните европски документи“, рече тој. 
Костадинов додаде дека македонскиот јазик е бугарски дијалект и вели дека ако влезе во ЕУ, ќе добие официјален меѓународен легитимитет. 

Слично

Поврзани вести