Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОСТАДИНОВ УШТЕ ЕДНАШ СЕ ОГЛАСИ ДОЦНА СИНОЌА: „Ќе започнам со креирање на ново интерпартиско делување“

КОСТАДИНОВ УШТЕ ЕДНАШ СЕ ОГЛАСИ ДОЦНА СИНОЌА: „Ќе започнам со креирање на ново интерпартиско делување“

По објавата дека ќе го замрзне членството во СДСМ, доцна синоќа уште еднаш се обрати градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

Тој кажа какви се неговите следни чекори.

„Свесен за тешката состојба во која се наоѓа мојата партија, од безидејноста, сакам да помогнам за жал нема како… Во следните месеци, ќе започнам со креирање на ново интерпартиско делување, кое ќе биде презентирано по завршувањето на локалните избори. Целосно прецизна стратегија, доволно мотивирачка за да обедини авторитети што ѝ недостигаат на СДСМ, тешки за да бидат непривлечни за политичките авантуристи, и доволно забавни за да се пронајдат младите… Мојата стратешко политичка одлука за делување во СДСМ или можеби надвор од СДСМ ќе биде јавно кажана во два дела. Првата ќе биде септември, конечната по завршување на овие локални избори. До тогаш посакувам среќа да се победи во барем една општина“, напиша тој.



Слично

Поврзани вести