Костадинов со порака за единство и поддршка за Заев
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денес објави заедничка фотографија со поранешниот премиер и негов сограѓанин Зоран Заев, упатувајќи порака за единство.
„Единството е големината и моќта на нашето функционирање и на сите животни победи!
Тоа сме го покажале и докажале! Двигателот за чекорење напред е нашата поврзаност, како големо семејство!“, напиша поранешниот пратеник и портпарол на СДСМ на социјалните мрежи.
Порака за обединување во СДСМ вчера испрати и пратеникот Мартин Костовски. На Фејсбук го повика членството да се држат заедно, за да не потонат заедно, еден покрај друг.
Слично
