КОСТАДИНОВ СЕ ПРОСТИ ОД ГРАДОНАЧАЛНИЧКАТА ФУНКЦИЈА И МУ ПОРАЧА НА ЈАНКОВ: „Да го охрабрам да ја согледа и препознае визијата за Струмица“
драги струмичанки и струмичани,
Денес, функцијата Градоначалник на општина Струмица му ја предадов на новоизбраниот Градоначалник, Петар Јанков.
Јавно му пожелувам, пред сѐ многу здравје и секако, успех во работењето, затоа што посветеноста на таткото на општината е секогаш успех за Струмица.
Сакам да го охрабрам да ја согледа и препознае визијата за Струмица како модерен, европски и зелен град, визија на цела генерација Струмичани која верува во подобра иднина тука, дома.
Се надевам дека со довербата која ја добив од струмичанки и струмичани ги исполнив нивните очекувања, а тие го препознаа вложениот труд и ангажман и денес ги живеат резултатите од мојот градоначалнички мандат. Во оваа прилика благодарам на сите за поддршката, но и за критиките кои секогаш нè прават подобри.
