Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОСТАДИНОВ СЕ ИЗНЕРВИРА, ПА ГИ „ПОДБРА“ ПОЛУМАТУРАНТИТЕ, НАСТАВНИЦИТЕ И ДИРЕКТОРИТЕ НА ШКОЛИТЕ: „Ова не е молба, ова е наредба да исчистите!“

КОСТАДИНОВ СЕ ИЗНЕРВИРА, ПА ГИ „ПОДБРА“ ПОЛУМАТУРАНТИТЕ, НАСТАВНИЦИТЕ И ДИРЕКТОРИТЕ НА ШКОЛИТЕ: „Ова не е молба, ова е наредба да исчистите!“

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, се налути по синоќешната прослава на полуматурантите на струмичкиот плоштад, од каде тој објави фотографија дека оставиле многу ѓубре. Со објавата тој им нареди на директорите на училиштата, наставниците но и на полуматурантите да исчистат, во спротивно им се закани со соодветни казни.
„Наредба: Плоштадот да биде исчистен веднаш!

Полуматурата не е повод за хаос, туку момент на покажување зрелост и почит кон државата и заедницата.

Она што денес се случи на градскиот плоштад – е неприфатливо.

Јасно кажувам:

Во рок од едно деноноќие, директорите на основните училишта, заедно со наставниците и учениците, се задолжуваат да го исчистат отпадот кој самите го оставиле зад себе.

Ова не е молба. Ова е наредба.

Кој не постапи – ќе сноси последици согласно надлежностите.

Плоштадот не припаѓа на никого поединечно – тој е симбол на нашиот град. Ќе се почитува, или ќе се одговара.

Ова е првиот тест за зрела генерација – или ќе го положат, или ќе учат поинаку.

Во Струмица владее ред. И така ќе остане“, напиша тој.


Слично

Поврзани вести