Костадинов прв „се насити“ на пресудата на Чавков и другите
Костадин Костадинов, пратеникот и портпарол на СДСМ, прв изреагира како претставник на владеачкото мнозинство по денешната пресуда за упадот во Собранието на 27 април.
„Кога правдата ќе затропа на врата !Вистинското лице на дпмне на виделина. Насилства, закани, обиди за убиства, антизападни активности...“, напиша гласноговорникот на СДСМ.
Поранешниот директор на БЈБ, Митко Чавков, доби казна затвор од 18 години, а сите други обвинети од седум до 15, освен Игор Дурловски кој беше ослободен од вина.
Слично
