Економија, финансии, бизнис

Контакт

Костадинов прочита писмо кое Вес Мичел го упатил до Мицкоски

Костадинов прочита писмо кое Вес Мичел го упатил до Мицкоски

Пратеникот на СДСМ,  Костадин Костадинов попладнево од собраниска говорница го прочита писмото на државениот секретар за Европа и Евроазија, Вес Мичел упатено до претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Во него стои дека Соединетите Држави силно веруваат дека Договорот од Преспа помеѓу Македонија и Грција е историска можност за Македонија да обезбеди посветла иднина и да придонесе кон регионалната безбедност, стабилност и просперитет. 

„И покрај тврдењата дека можел да се постигне некаков ‘подобар договор’, ние не веруваме дека тоа е можно. Овој договор бараше компромис и од двете страни. Тоа е прилика што веројатно нема да се повтори со години, ако не и со децении. Нема да Ве изненади што ние сме разочарани од позициите на челниците на ВМРО-ДПМНЕ како во однос на референдумот, така и во врска со чекорите во Собранието за промена на Уставот. Уште од осамостојувањето на Македонија, граѓаните од сите заедници и партии, вклучувајќи ја и Вашата, силно го поддржуваат пристапувањето на земјата кон НАТО и кон ЕУ. Сега Собранието е на ред да го преземе следниот, одлучувачки чекор. Ве поттикнуваме да создадете простор, во јавноста и приватно, за пратениците од Вашата коалиција да одлучат како ќе гласаат за уставните промени, ослободени од закани од насилство, одмазда, или друг облик на принуда. Како вистински пријател и поддржувач на Македонија, Ве поттикнуваме да ги тргнете настрана партиските интереси со цел унапредување на заедничките стратешки интереси и обезбедување на посветла иднина за вашите граѓани во европското семејство на народи“ - стои во писмото од Мичел до Мицкоски, прочита Костадинов.

По ова Костадинов порача на пратениците „Ставете прст на чело што првиме со нас и што правиме со државата“.

Спикерот Талат Џафери ја прекина седницата и нејзиното продолжение го најави за утре во 12 часот.

Слично

Поврзани вести