Економија, финансии, бизнис

Контакт

Костадинов откако доби уште една кривична пријава од МВР: Некој решил и денес да си ја покрива неспособноста

Костадинов откако доби уште една кривична пријава од МВР: Некој решил и денес да си ја покрива неспособноста

Костадин Костадинов, поранешниот градоначалник на Струмица и пратеник, објави кратка реакција на социјалните мрежи откако МВР му поднесе уште една кривична пријава.

„Нека е честит и вековит 1 мај! Некој решил и денес во очај да си ја покрива неспособноста и неподобноста, тука сме ќе се бориме!“, кратко напиша Костадинов на социјалните мрежи.

МВР објави дека повторно е поднесена кривична пријава против поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов, и уште четири лица за „несовесно работење во службата“, злоупотреба на службена положба и овластување“ и „бесправно градење“ Според полицијата, групата овозможила изградба на нов објект како реконструкција на место каде што урбанистичкиот план не го дозволувал тоа.



Слично

Поврзани вести