Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОСТАДИНОВ ОДЛУЧИ ДА НЕ ЧЕКА ПОВЕЌЕ: „Партискиот инает нема да ја дестабилизира Струмица!“

КОСТАДИНОВ ОДЛУЧИ ДА НЕ ЧЕКА ПОВЕЌЕ: „Партискиот инает нема да ја дестабилизира Струмица!“

Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, веќе некое време известува дека не му се одобрува вработување на кадри во детските градинки во Струмица. 
Токму затоа, тој донесе одлука да вработува, а нововработените да ги исплаќа од општинската каса.
„Проблемот со вработени во детските градинки започнувам да го решавам од денес!

Никој, нема да ме предомисли во обезбедувањето на нормални услови за нашите деца.

Партискиот инает нема да ја дестабилизира мојата Струмица.

Ова злодело врз струмичката иднина, Струмица нема да ви го заборави почитувани претставници на владата на ВМРО-ДПМНЕ со коалицијата!

Јас и мојот тим продолжуваме напред, со решенија за секој проблем кој сакате да ни го наметнете нам и на цела Струмица.

Дечињата ќе имаат нов воспитувач, а со тоа ќе биде зголемен и капацитетот во градинките за нови дечиња.

Проблемот го решаваме сами, со средства од општина Струмица.

Кога се сака, се може. Не зависиме од никого, и никого нема да молиме“, напиша тој на фејсбук.





Слично

Поврзани вести