Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОСТАДИНОВ ОДБИЛ ДА СЕ СРЕТНЕ СО ДИМИТРИЕВСКА КОЧОВСКА: „Јас немам намера да бидам инструмент на нивниот ПР“

КОСТАДИНОВ ОДБИЛ ДА СЕ СРЕТНЕ СО ДИМИТРИЕВСКА КОЧОВСКА: „Јас немам намера да бидам инструмент на нивниот ПР“

Откако градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов, подолго време обвинуваше дека не му се одобрува вработување на негувателки во детските градини во Струмица и решението го најде така што одлучи нововработените да ги исплаќа од општинската каса ( КОСТАДИНОВ ОДЛУЧИ ДА НЕ ЧЕКА ПОВЕЌЕ: „Партискиот инает нема да ја дестабилизира Струмица!“), истакна дека одбил да се сретне со министерката за финансии за да разговара на таа тема, од причина што проблемот си го решил сам.
„По јавната реакција на струмичани за намерното недавање на согласност за вработување на негувателки и воспитувачи во градинките во Струмица, средба со мене побара министерката за финансии Гордана Димитриевска - Кочовска.

Средбата ја одбив, од неколку причини:

Првата причина е тоа што се бараше на средбата да одам само јас, а таму да дојдат од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ. Таква нетранспарентна средба не прифаќам. Или е тет-а-тет или сите заедно. Моделот на средби со “шушкање” не го прифаќам.

Втората причина поради која ја одбив средбата е непрофесионализмот на Министерството. Имено, со месеци не ни е исплатен повратот на ДДВ на јавното претпријатие за транспорт во Струмица со цел истото да биде блокирано, струмичани да немаат јавен превоз а ВМРО-ДПМНЕ да има тема за политичко лешинарство. Иако во повеќе наврати повикував, немаше слух од надлежната министерка се додека не видоа некоја политичка придобивка за нив од остварување на средба.

Јас немам намера да бидам инструмент на нивниот ПР.

Трето, ние проблемот со недостаток на кадар во градинките во Струмица си го решивме сами. Сега нема зошто да се гледаме, задоцнивте како што доцните и со довршувањето на регионалниот пат кај Дабиле кон Бугарската граница.

Доцните и со компјутерска томографија во Струмичката болница.

Доцните и со проектите ветени за Струмица.

Доцните со правдата, а често и ја опструирате“, напиша тој.





Слично

Поврзани вести