Костадинов: Од септември плата на пожарникар во Струмица ќе биде 80.000 денари
„Платата на секој пожарникар ќе достигне 80.000 денари, надополнета со:
• исплата на хранарина
• исплата на прекувремена работа
• надоместоци за ноќни и ризични смени
• целосно покриени трошоци за паркинг и јавен превоз
„Овие луѓе не се статистика. Тие се оние кои трчаат кога сите бегаат. Минималното што можеме да направиме е да им ја вратиме честа и достоинството“, изјави Костадинов.
Ако правната рамка го дозволи, договорот ќе стапи на сила од 1 септември 2025 година.
„Само со мотивиран и одбран тим, Струмица може да биде сигурна, стабилна и подготвена. Ова е мојата лична благодарност до секој пожарникар“, порача градоначалникот.
Тој потсети дека за струмичките пожарникари веќе е набавена нова теренска и заштитна опрема.
