Економија, финансии, бизнис

Контакт

Костадинов: Нема да им дозволиме Мицкоски и Груевски да ја втурнат Северна Македонија во нови кризи

Костадинов: Нема да им дозволиме Мицкоски и Груевски да ја втурнат Северна Македонија во нови кризи

Христијан Мицкоски и Никола Груевски очајно се обидуваат преку нови насилнички сценарија да ја дефокусираат јавноста од водечката улога на врвот на ВМРО-ДПМНЕ, како осимничен организатор за насилствата на крвавиот 27-ми април, велат од СДСМ.

Велат дека однесувањето на антизападниот Мицкоски и неговиот театар во болницата 8-ми септември е само уште една потврда за тоа. 

„Особено имајќи предвид дека лицето М.Ј воопшто немало никакви повреди, што е потврдено со прегледот. СДСМ најостро осудува било какво насилство и во таа насока го осудува инцидентот во затворот Шутка.  Нема толеранција за било какво насилство. Благодарение на брзата и професионална реакција на институциите не успеа денешната провокација, смисленото сценарио на Мицкоски и Груевски. Очекуваме сите надлежни институции до крај да го расчистат овој инцидент. Нема да им дозволиме на Мицкоски и Груевски да ја втурнат Северна Македонија во нови кризи и тензии и да ја загрозат иднината на нашата татковина и сигурноста на граѓаните“, вели Костадин Костадинов од СДСМ. 

Додава дека насилството ќе се санкционира, а Мицкоски нема да успее, одговорност за нарачателите и реализаторите на крвавиот 27 април мора да има.

Слично

Поврзани вести