КОСТАДИНОВ НА КРАЈОТ ОД МАНДАТОТ ИМ СЕ ОБРАТИ НА СИТЕ СОВЕТНИЦИ: Ако некогаш сум повредил некого со мој став или збор, од срце барам прошка
Градоначалникот на Струмица во заминување, Костадин Костадинов ги користи последните денови од изборната кампања на социјалните мрежи да објави се што сработил, а вчера им се заблагодари и на советните во Советот на општината.
„Почитувани советници, сакам од срце да упатам една длабока благодарност до сите вас и од мнозинството, и од опозицијата. Благодарам за поддршката, но и за критиките. Благодарам за секој ваш збор, за секоја идеја, за секоја дебата што ја водевме во име на граѓаните на Струмица.
Во политиката, како и во животот, понекогаш искрите во дебатите знаат да бидат посилни од зборовите. Ако некогаш сум повредил некого со мој став или збор, од срце барам прошка. Од моја страна, сè е одамна простено.
Такво е политичкото секојдневие, исполнето со страст, но и со искрена намера да се направи подобро.
Секогаш сум верувал дека зад секоја различност има искра на добра мисла.
И навистина, кон сите вас имав и имам само искрена и добра мисла.
Посакувам на сите здравје, личен успех и спокојство каде и да ве однесе животот.
Јас останувам со истата верба и љубов кон мојот град, дека само со искреност, почит и добрина можеме да создадеме подобро утре, напиша тој.
Слично
