Костадинов ќе бара отштета ако не се повлече текст за наводниот стан во „Џевахир“
Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ, побара извинување и повлекување на текстот на Лидер за негова наводна сопственост на стан во „Џевахоир скај сити“ или во спротивно се закани со тужба.
„Почитувани,Објавениот текст на вашиот медиум со тенденциозен наслов ( „Портпаролот на СДСМ, Костадинов се подновил со стан во Џевахир кој го крие во анкетниот)
Не е точно дека јас, Костадин Костадинов имам купено стан, исто како што не е точно дека нешто има сокриено во имотниот лист кој согласно законите е навремено доставен.
Бидејќи овие невистини ми нанесуваат штета на угледот барам, повлекување и јавно извинување, врз основа на Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, како и објавување на овој мој демант во целост.
Доколку овој демант не биде објавен во предвидениот законски рок, ќе следува Постапка за утврдување на одговорност и надоместување на штетата пред надлежниот суд, согласно Член 19, став 1 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета“, вели Костадинов во својот демант.
Лидер објави текст со фотографии од пратеникот како влегува во една од висококатниците а тврдењата ги засновува на сведоштво на жотели од соседството кои наводно тврделе дека тој секојдневно доаѓа и излегува.
- Мораме силно да се бориме како граѓанство против лажните вести.
Слободата на говор е една од основните елементи на демократијата и како таква треба да се почитува максимално, но кога некој свесно заради добивање поени кај одредена партија прави штета на мене како личност, мора соодветно да се реагира, истакна Костадинов на Фејсбук.
