КОСТАДИНОВ ЈА ЧЕСТИТАШЕ ПОБЕДАТА ВО КИЧЕВО: На СДСМ му порача дека мора да помине низ сериозен филтер
Поранешниот градоначалник на Струмица, и член на СДСМ кој го замрзна своето членство, Костадин Костадинов, ја честиташе победата на ВМРО-ДПМНЕ а посебно ја нагласи победата во Кичево.
„Да, СДСМ изгуби. Честитки за победата на ВМРО ДПМНЕ и секако за демократскиот капацитет на нацијата, секаде но особено во Кичево.
Драги мои, не се согласувам со тезата дека СДСМ е целосно згасната партија. Напротив, СДСМ може и мора да помине низ сериозен филтер, реформи и ребрендирање кои ќе му овозможат да остане втората најсилна партија во Македонија.
Нашиот фокус не треба и не може да биде исклучиво, брзо менување на власта. Нашиот фокус мора да биде зајакнување на улогата на СДСМ во рамките на опозицијата,СДСМ отворена за сите, СДСМ платформа во која ќе се најдат што поголем број на помали групи, па дури потоа да стреми кон нешто повеќе.
Време е за длабински анализи, тешки промени, тешки одлуки,дебати и многу, многу работа.
Честитам на сите кои учествуваа на овие избори. Честитам на победниците кои ќе бидат градоначалници, но и на сите кои се најдоа во советите на градовите“, напиша тој.
Слично
