Костадинов ги отфрла наводите во кривичната пријава: „Стојам на располагање на надлежните“
Ексградоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов преку социјалните мрежи ги отфрла наводите за сторено кривично дело при набавката на автобусите
„Ги отфрлам во целост наводите за сомнение за сторено кривично дело во врска со јавната набавка на електричните автобуси во Струмица. Проектот од стратешко значење за општина Струмица од кој, денес во пракса сите жители на општината имаат јасни економски, еколошки и сообраќајни бенефити, процедурално е инициран од Општината, изгласан на Советот на Општина Струмица, со јасни насоки за формирање Јавно Сообраќајно Претпријатие, спроведување на јавна набавка за автобуси и имплементација на проектот“, вели Костадинов.
Порача и дека стои на располагање на надлежните органи и институциите.
„Верувам дека сите овие чекори се спроведени според важечките закони. Истовремено, сакам да потенцирам дека лично јас, а се надевам и сите наведени лица за кои што постои сомневање дека сториле кривично дело, стоиме на располагање на сите надлежни органи и институции со цел да им биде елаборирано и појаснето на каков начин е спроведен овој проект кој денес беспрекорно функционира во пракса. Политички коментар не би сакал да давам“, додаде Костадинов.
КРИВИЧНА ЗА ЕКС ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА СТРУМИЦА КОСТАДИНОВ: Со уште 5 лица ја злоупотребиле постапката за набавката на електрични автобуси
Слично
