Костадинов до Апасиев: Ако решил политички да се „самоубие” нека го достави барањето за извинување лично до мене
Продолжуваат прозивките меѓу пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов и Димитар Апасиев од Левица.
Костадинов на Фејсбук му порача на Апасиев да го побара во Собранието.
„Ако веќе решил политички да се „самоубие” Апасиев нека го достави барањето за извинување лично до мене, а не да ги малтретира вработените во Парламентот. Јас сум во канцеларија број 114, ќе се најавиш и ќе дојдеш кај мене кога ќе дојдеш на работа! Не да бегаш како плачко и да малтретираш луѓе кои чесно си ја заработуваат платата“, напиша Костадинов.
Вчера Апасиев објави дека бара извинување во рок од 48 часа, или ќе тужи затоа што Костадинов рекол дека станот му го купило ВМРО-ДПМНЕ.
Слично
