Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОСТАДИНОВ БЛЕСНА КАКО НАПОЛЕОН БОНАПАРТА НА СТРУМИЧКИОТ КАРНЕВАЛ - еве ги и другите маски на еден од највеселите настани

КОСТАДИНОВ БЛЕСНА КАКО НАПОЛЕОН БОНАПАРТА НА СТРУМИЧКИОТ КАРНЕВАЛ - еве ги и другите маски на еден од највеселите настани

На маскенбалот учествуваа голем број гости од земјава и странство, а меѓу маскираните беше и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, кој беше маскиран како Наполеон Бонапарта.

„Маската нема никаква скриена порака, туку се работи за карневал, големиот Струмички маскенбал, кој е увертира за главната карневалска вечер. Посакувам и овој Струмички карневал да помине во духот на забавата, во духот на смеата, од Струмица да се шири пораката на обединувањето во Македонија и надвор од неа. Портите на Струмица не се отворени само за струмичани, туку ги отвораме за целиот Балкан“, рече Костадинов.

Цветанка и Лефтер Андонови се избрани за принц и принцеза на Струмичкиот карневал на синоќешниот маскенбал кој се одржа во Струмица. Тие со нивната маска „Хипици“ вечерва, заедно со кралот и кралската свита, ќе го предводат карневалското дефиле на интернационалната карневалска вечер низ улиците на Струмица. Од претседателот на Организациониот одбор на Струмичкиот карневал, Александар Цицимов тие добија медал „Струмички карневал“ и пригодни подароци.

На вечерашното карневалско дефиле се очекува да учествуваат 48 групи во различни категории со учесници од земјава, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Грција и Турција, како и од повеќе градови во државата, а карневалската поворка се очекува да трае над три часови. Маските ќе ги оценува жири комисија која во различни категории ќе додели награди на најуспешните.

Карневалот продолжува утре, на Прочка, кога се одржува традиционалниот детски карневал, на кој младите струмичани ќе продефилираат со своите маски.

„Вечерва во хотелот „Сириус“ се одржа традиционалниот маскенбал, како дел од карневалските свечености во нашиот град и своевидна увертира во утрешната интернационалната карневалска поворка од големиот Струмички карневал.

Во друштво на гости од балканските земји, како и претставници на FECC од повеќе европски земји, на чело со претседателот на FECC Ларс Алгел, на маскенбалот, присуствуваше и градоначалникот Костадин Костадинов кој и годинава ја има улогата на покровител на Струмичкиот карневал.

Маскенбалот помина во извонредно весела атмосфера, за која се погрижија водителот Игор Џамбазов и македонската поп дива Александра Јанева, а за принц и принцеза беа избрани Лефтер и Цветанка Андонови , кои утревечер ќе бидат дел од царската свита што ќе ја предводи интернационалната карневалска поворка на Струмичкиот карневал.

Осумдневните празнувања под маски ќе траат до среда, кога клучот на градот повторно ќе му биде вратен на градоначалникот Костадинов од страна на струмичките карневалисти“, соопштиј на фејсбук од општина Струмица.


Слично

Поврзани вести