Економија, финансии, бизнис

Контакт

КОСТАДИНОВ: Безбедна е водата за пиење во Струмица

КОСТАДИНОВ: Безбедна е водата за пиење во Струмица

Водата во Струмица е безбедна за пиење. Струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов, објави дека водата од водоводната мрежа е повторно потврдена како питка. Во објавата на неговиот Фејсбук профил, Костадинов наведува дека анализите спроведени од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ), три акредитирани приватни лаборатории и Центарот за јавно здравје Струмица ги побиле претходните негативни резултати од Институтот за јавно здравје.

Додаде резултатите од АХВ и независните лаборатории понудиле нова надеж за граѓаните, кои со месеци се соочуваа со забраната за употреба на водата за пиење. Костадинов истакнува дека овие анализи го потврдуваат квалитетот на водата, што е особено важно за здравјето на жителите на Струмица и околните населени места.

„Струмичкиот отпор и пркос даде резултат. Благодарам на професионалците од АХВ што се одважија и го потпишаа решението за укинување на забраната! На сите кои се ситевте во овие за нас струмичани тешки и мачни денови, ви простувам од дното на мојата душа. Останува да се седне повторно со надлежните институции и да се изнајде решение за проблемот на брана Турија! Народе мој благодарам на истрајноста, трпението и поддршката која ми ја дававте мене и на професионалците од ЈПКД Комуналец, во оваа битка за Струмица. Борбата продолжува“, пишува Костадинов. 


Струмица го доведе во прашање своето членство во ЗЕЛС, додека Стевче Јакимовски, градоначалник на Карпош, се премисли и останува во ЗЕЛС. И други општини неодамна имаа проблем со квалитетот на водата. 

фото Фејсбук/Костадин Костадинов

Слично

Поврзани вести