Економија, финансии, бизнис

Контакт

Костадинов: Пендаровски во стабилно водство

Костадинов:  Пендаровски во стабилно водство

Стево Пендаровски го задржува стабилното водство пред Гордана Силјановска Давкова по првичните тенденции, објави Костадин Костадинов, портпаролот на СДСМ.

- Над половината од обработените резултати покажуваат дека Пендаровски води пред Гордана Силјановска со над 30.000 гласови. Очекуваме таквата тенденција да продолжи и Пендаровски да биде прогласен за претседател на државата, објави пратеникот на денешната прес-конференција во изборниот штаб на СДСМ.

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека по 100 отсто избројани гласови на партиско ниво, Силјановска веќе победила во Росоман, Македонска Каменица, Кривогаштани, Петровец, Кратово, Виница и Македонски Брод, каде што веќе гласовите им се пребројани.

Од таму во Скопје, според броењето на најголемата опозициска партија, водат во Кисела Вода, Гази Баба и Ѓорче Петров по 80 отсто пребројани гласови.

Од СДСМ велат дека е неблагодарно уште сега да се лицитира со бројки по општини.


Слично

Поврзани вести