Економија, финансии, бизнис

Контакт

Костадин Костадинов: Вклучувањето на Бугарите во Уставот го забива последниот клинец во ковчегот на бугарскиот карактер на Македонија

Костадин Костадинов: Вклучувањето на Бугарите во Уставот го забива последниот клинец во ковчегот на бугарскиот карактер на Македонија

Претседателот на бугарската партија Преродба, Костадин Костадинов се изјасни против францускиот компромис за Македонија.

Рекол дека вклучувањето на Бугарите меѓу шест, седум или осум други националности во Република Северна Македонија, било во некоја преамбула или во посебни написи, го забива последниот клинец во ковчегот на бугарскиот карактер на Македонија, пренесуваат бугарските медиуми.

„Пред споменот на генерациите кои паднаа за Бугарија од Осогово и Огражден, сите сме одговорни, секој на свој начин. И секој од нас во оваа сала пред сѐ мора да се грижи за бугарскиот национален интерес. Ние од Преродба го направивме тоа, размислете дали ви го правите“, рече Костадинов.

Во декларацијата се повикува на постапките на бугарскиот претставник во Комитетот на постојани претставници на владите на земјите-членки на Европската унија (КОРЕПЕР).

Костадинов претходно даваше изјави во кои велеше дека Македонците и Бугарите се еден народ.  

фото: твитер/принтскрин

Слично

Поврзани вести