Економија, финансии, бизнис

Контакт

Костадин Костадинов откако Мицкоски закажа протест поради интервјуто на Заев: ВМРО-ДПМНЕ ги остави борците без простории и менуваше партизански имиња

Костадин Костадинов откако Мицкоски закажа протест поради интервјуто на Заев: ВМРО-ДПМНЕ ги остави борците без простории и менуваше партизански имиња

Костадин Костадинов, портпарол и пратеник на СДСМ, реагираше на повикот на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешниот протест по фамозното интервју на премиерот Зоран Заев за БГНЕС, дека најголемата опозициска партија во Македонија не може да биде заштитник на антифашистичката борба.
„Од партија која ја гаеше идеологијата со плукање по Југославија.

Од партија која ги смени сите институции, улици, булевари кои носес имиња на партизаните, борци на НОБ, партија чии челници се школувани и растени во прегратките на Бугарското ВМРО на Каракачанов, до партија загрижена за Југославија.

Партијата која ги остави борците без простории, ги селеше од една во друга зграда, партијата која се обиде да го забрани одбележувањето на февруарскиот поход, таква партија не може да биде заштитник на антифашистичката борба.

Тоа што го правеше вмро дпмне е практично фашизам.

Тоа што го правеше и го прави истата партија и ден денес е анти македонско.

Суштината на процесот е дека од ништо ние не се откажуваме, тоа времето ќе го покаже.

Ќе бидеме Македонци, кои зборуваат Македонски јазик, кои гледаат кон иднината, почитувајки го минатото, но ослободени од бремето вечно да осудуваме, да имаме вечни непријатели“, гласи реакцијата на Костадинов.

Опозициската партија ВМРО - ДПМНЕ за денеска во 18 часот организира протест на кој како што рекоа „се бранат црвените линии кои се последниот бедем на нашиот идентитет“. Треба да биде натпартиски и предупредувачки протест, а лидерот на партијата Христијан  Мицкоски со нова објава повторно ги повика граѓаните на улица. 


Слично

Поврзани вести