Економија, финансии, бизнис

Контакт

Костадин Костадинов одговори како е вработена мајка му

Костадин Костадинов одговори како е вработена мајка му

Костадин Костадинов, портпарол на СДСМ вели дека од ВМРО-ДПМНЕ се обидуваат да ја оцрнат неговата мајка. 

Антизападното раководство на ВМРО-ДПМНЕ почнало да се занимава со моето семејство, пишува Костадинов на Фејсбук, откако претходно опозициската ВМРО – ДПМНЕ обвини дека неговата мајка била вработена во струмичкиот Централен регистар.

Тој вели дека од ВМРО-ДПМНЕ се соочени со вистината што ја објавиле за шемите на Христијан Мицкоски и Никола Груевски, директно поврзани со лично богатење преку хидроцентрали, и тоа во време кога му бил советник. 

„Во интерес на јавноста информирам дека мојата мајка е вработена на најтранспарентен начин, преку оглас, времено, до 31.12.2018 година. Институцијата каде што времено е примена на работа, имаше објавено огласи за вработувања за повеќе работни места, а мајка ми е примена врз основа на нејзините квалификации и постапка еднаква за сите што аплицираа. Ниту СДСМ, ниту мојот ангажман како пратеник на било кој начин имаат некаква врска со тоа. Да заклучам, сите напади врз мене и моето семејство се залудни и лагите и извртувањата на вистината нема да ме спречат да продолжам да ја објавувам вистината за криминалните шеми на антизападниот Мицкоски со криминалецот Груевски“,  пишува Костадинов.

За опозицијата пишува дека е нервозна затоа што не успеа да ја закочи Македонија на патот кон ЕУ и НАТО. 

Слично

Поврзани вести