Костадинов: Јас сум човек кој простува, но тоа не го менува фактот дека итно е потребнa промена во ОО СДСМ Струмица по сите основи!
Поранешниот градоначалник на Струмица, Костадин Костадинов вели дека консолидација може да има исклучиво на искрена основа, а со навреди и клевети по вибер групи не мисли дека тоа е решение.
„Јас сум човек кој простува, така ќе биде и овој пат, но тоа не го менува фактот дека итно е потребнa промена во ОО СДСМ Струмица по сите основи! Со почит и со надеж дека еден ден повторно ќе се врати другарството и ќе ја снема малограѓанштината...“, пишува тој на Фејсбук.

Откако претходно партијата не го кандидираше за градоначалник на Струмица, тој изрази негодување.
фото Фејсбук/Костадин Костадинов
Слично
