Економија, финансии, бизнис

Контакт

Костадин Костадинов им даде награда по 10.000 денари на пожарникарите и заврши на инфузија по вдишан чад

Костадин Костадинов им даде награда по 10.000 денари на пожарникарите и заврши на инфузија по вдишан чад

Струмичките пожарникари на својот профил на Фејсбук го пофалија градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, за доделениот бонус од по 10.000 денари за борбата со пожарите, но и информираа дека самиот тој завршил на инфузија откако вдишал чад.

„Ниту фотографии ниту видеа и пред конференции, Градоначалникот Костадинов беше рамо до рамо до на пожарникарите и несебично помагаше во гаснењето, организираше механизација, овошје, вода, електролити за сите нас.

Во еден момент кога ескалираше пожарот вдишувајќи многу чад мораше да прими инфузија. Но не се откажа ниту на кој било начин се обиде тоа да го експлоатира“, напишаа Пожарникари Струмица на својот фејсбук-профил.

Претходно Костадинов објави дека е одреден бонус по 10.000 денари за секој струмички пожарникар.

„Најмалку што можам да направам за моите пожарникари кои деноноќно, посветено со последните сили се бориме против огнените стихии. Во името на цела Струмица ви благодарам. Господ да ве благослови и да ни ја чува нашата Струмица“, објави градоначалникот.


Слично

Поврзани вести