Економија, финансии, бизнис

Контакт

Коста Костадинов: 44 кандидати за членови на Комисијата против дискриминација

Коста Костадинов: 44 кандидати за членови на Комисијата против дискриминација

Пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов, информира дека се пријавени 44 кандидати за членови на Комисијата за спречување и заштита од дискриминација, кое инаку со новиот закон е замислено како независно професионално тело кое ќе треба да ги штити и да носи одлуки во корист на граѓаните.
„За некоја минута ќе ја започнам јавната расправа на комисијата за избори и именувања, на која ќе треба да подготвиме предлог за избор на членови на комисијата за спречување на дискриминацијата. Поканети се сите НВО, затоа што само на тој начин го отвараме храмот на демократијата и го правиме достапен до граѓанството. Импонира фактот дека имаме 44 пријавени кандидати.

Во име на европските вредности, во име на заедничката борба против дискриминацијата, ве уверувам дека ќе имаме плодна дебата и ќе избереме вистинска, независна комисија“, информираше портпаролот на СДСМ кој наедно е и претседател на собраниската комисија за избори и именувања.

Претходно власта за законот рече дека е усогласен со европската регулатива и  во него се дефинирани сите облици на дискриминација, а најголема новина која произлегува од истиот е формирањето на Комисијата замислена како едно професионално независно тело со професионално искуство од сферата на човекови права.

Слично

Поврзани вести