Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косовски државјани кои исчезнале по слетувањето во Скопје пронајдени мртви во превртен автомобил кај Блаце

Косовски државјани кои исчезнале по слетувањето во Скопје пронајдени мртви во превртен автомобил кај Блаце

Три лица од Косово, еден маж и две жени, кои викендов беа пријавени за исчезнати во Македонија, се пронајдени починати во тешка сообраќајна несреќа на патот кон граничниот премин Блаце, потврдија од Министерството за внатрешни работи.

Нивното исчезнување било пријавено во неделата попладне во полициската станица Бит Пазар од страна на нивен роднина, исто така косовски државјанин. Тој алармирал дека го изгубил контактот со нив во саботата вечерта околу 22:15 часот, веднаш откако тројцата патници пристигнале на Меѓународниот аеродром Скопје.

Неколку часа по пријавата, доцна во неделата во 22:35 часот, во СВР Скопје стигнала дојава за превртено возило на патниот правец Блаце-Скопје. Полициските екипи на местото на настанот затекнале излетан автомобил „мерцедес“ со германски регистарски таблички, во кој се наоѓале телата на тројцата патници. Лекар од Итната медицинска помош само констатирал смрт кај трите лица. Во тек е истрага за утврдување на причините кои довеле до трагичната несреќа.

Фото: пекселс

Слично

Поврзани вести