Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косово пред одлука - Или нов Спикер или нови избори

Косово пред одлука - Или нов Спикер или нови избори

Пратениците на Косово се пред важна одлука за избор на нов собраниски спикер за што ќе имаат можност од три круга на гласање. Ако и потоа не се согласат за изборот на нов претседател на парламентот ќе се оди на распишување на нови избори.

– Ако се случи во првиот круг да не се избере претседател, најбројната парламентарна група има право уште на двапати да предложи кандидат за оваа функција. Доколку и третиот круг на гласање е неуспешен, земјата ќе треба да оди на нови избори, вели уставниот експер Риза Смака.

Претседателот на Косово, Хашим Тачи, конституивната седница на Парламенот ја закажа за трети август, кога најголемата парламентарна група треба да предложи кандидат за претседател на парламентот.

Инаку, во име на изборната коалиција, ПАН (Демократска партија-Алијансата за иднината на Косово и Иницијатвата за Косово),пратеничката Блерта Делиу-Кодра, изјави дека го обезбедиле потребниот број пратеници и оти трети август ќе биде празник за Косово, зашто ќе биде контитуиран Парламентот  и избрана новата влада.

Од друга страна Фатмир Колчаку од Движењето „Самоопределување“ изјави дека ПАН до сега има само 39 пратеници, колку што доби на изборите и оти сите други тврдења се само лага.

Пратеничката од Демократскиот сојуз на Косово, Вјоса Османи, изјави дека пратенците од коалицијата ЛАА (Демократски сојуз,Алијасата за Ново Косово и Алтернатива) нема да дадат ниту еден глас за формирањето на Влада предводена од Рамуш Харадинај, а нема да го гласаат ни Кадри Весели,за претседател на Парламентот. За изјавата на ПАН рече дека е „изјава на еден пропаднат план“.

На предвремените избори, одржани на 11 јуни, ПАН освои 39 пратенички мандати, Движењето „Самоопределување“ 32, а коалицијата ЛАА 29 пратеници. По десет пратеници, кои се загарантирани, имаат Србите и партиите на немнозинските етнички заедници. Тие засега немаат став дали ќе ја поддржат коалцијата ПАН, но и доколку ја поддржат, ќе требаат уште двајца пратеници за да го обезбедат потребното мнозинство.


Слично

Поврзани вести