Економија, финансии, бизнис

Контакт

Косовец украл пари од џамија на Бит Пазар

Косовец украл пари од џамија на Бит Пазар

Жител на Косово украл пари од џамија во Скопје.

Полицијата соопшти дека синоќа во 20.30 часот во Скопје, на подрачјето на Центар,  полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го уапсиле Н.Р.(37) од Косово, поради основано сомнение дека на 29 јули годинава околу 10.00 часот од џамија на Бит Пазар со употреба на сила одзел пари. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Пред неколку години имаше пријавени кражби на пари од џамии во Тетово, Врапчиште, Батинци. Често на мета на крадци се и црквите во Македонија. 

Слично

Поврзани вести